СДСМ: Лицемерниот Мицкоски и антиевропското ДПМНЕ можат да учат што е вистински патриотизам

Лицемерниот Христијан Мицкоски и антиевропското и антидржавно ВМРО-ДПМНЕ можат да учат од Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев што е вистински патриотизам и како се работи за своите граѓани, за својата држава.
Патриотизам е македонскиот јазик, македонскиот идентитет кои до пред само три години се соочуваа со неизвесност, со оспорувања, денес да бидат меѓународно признати и потврдени.
Патриотизам е кога со загарантиран македонски јазик и македонски идентитет Северна Македонија стана 30-та земја членка на НАТО, нешто што Мицкоски не смогна сили ни да го честита.
Патриотизаме кога по 11 години изолација, државата за само три години се врати целосно на евоинтегративниот процес преку успешни реформи кои се потврдени и поздравени од цела ЕУ.
Економски патртиотизам е да растат платите и пензиите, да расте социјалната помот, да му се помага повеќе на стопанството, да им се помага на граѓаните за полесно да се справат со економските последици, како што тоа го прави Владата предводена од СДСМ.
Патртиотизам не е да се шират хисетрии и лажни вести како што тоа го прави Мицкоски, ниту да се блокираат реформите и институциите на штета на граѓаните, како што тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ.
Станавме земја-членка на НАТО како Македонци кои зборуваат македонски јазик. Ќе станеме членка и на ЕУ како Македонци кои зборуваат македонски јазик.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да бидат убедени во тоа.

Слични содржини