СДСМ: На повидиок нов скандал, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да објаснат која е нејзината улога во палењето возила?

од Берта Китинска

По информациите во медиумите градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ треба да објаснат пред граѓаните која е нејзината поврзаност или улога во палење на возило?Очигледно на повидок е нов скандал поврзан со Данела Арсовска, градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека според информациите на медиумите Аросвска била повиканата на разговор во политиција станица поврзано со случај со закани и опожарување на возило на извршната директорка на Сојузот на Стопански комори.

-Како што се наведува, извршната директорка и првиот човек на Сојузот на стопански комори кој ја презеде раководната позиција во Комората по изборот на Арсовска за градоначалничка биле изложени на разни притисоци, закани по нивниот живот и животот на нивните семејства.Ова се сериозни индиции за голем скандал и затоа Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат пред граѓаните и да одговорат:Каквва е поврзаноста на Арсовска во заканите и палаењето на возилото?Дали Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ знаеле за ова?, прашуваат од владејачката партија.

Слични содржини