СДСМ денеска побара Јавното обвинителство веднаш да се изјасни дали е точно тврдењето на весникот „Вечер“ дека опозицискиот лидер, Зоран Заев, бил сниман во законска процедура на тет а тет средбата со премиерот Никола Груевски.

– Ако е тоа точно, тоа значи дека претседателот Заев бил под посебни истражни мерки, кога бил сниман во кабинетот на премиерот Груевски. Ако е така, тоа значи дека извор на незаконски извадените снимки во јавноста се Никола Груевски, Јавното обвинителство или Груевски и обвинителството заедно. Тоа е потврда за сторено кривично дело и во тој случај Јавното обвинителство на Република Макеоднија треба да каже зошто не покренува кривична постапка за овој скандал. Ако тврдењето на весникот „Вечер“ не е точно, тогаш обвинителот Марко Зврлевски, по допрен глас од јавноста, по службена должност, треба да каже дека провладиниот весник лаже, се вели во соопштението на најголемата опозициска партија.

НОВА вчера го праша Обвинителството дали Зоран Заев бил под посебни истражни мерки, меѓутоа оттаму ни одговорија дека сѐ што се случувало во предистражната постапка е тајна и дека не можат да се изјаснат дали бил следен или не.

Заев е осомничен во случајот „Пуч“ заедно со ексразузнавачот Зоран Верушески кој вчера бил на распит во Јавното обинителство.

Адвокатот на Верушевски, Ангеле Илиевски, за НОВА вели дека Верушевски бил испитуван само за пиштолите коишто полицијата ги најде кај него дома и за кои тој тврди дека не се нелегално стекнати, туку му се од времето кога бил полициски функционер.

Во Јавното обвинителство не го испрашувале Верушевски ниту за детската порнографија која наводно била најдена во компјутерот на ексразузнавачот, ниту пак за сомнежите околу случајот „Пуч“.

Обвиителството сѐ уште истражува и нема поднесено обвиние за наводната шпионска афера./TВ Нова

Слични содржини