Поплавите во Пелагонија оставија огромни штети во земјоделието. На скоро сите поплавени земјоделски површини есенската сеидба е 100 % уништена. Пролетната сеидба доцни и во голем дел нема да се реализира.

Подготовките и почетокот за расад на тутунот и градинарските култури се уште не се почнати, а поплавите ќе се одразат и во тутунопроизводството.

Сето ова во најголем дел е последица од неисчистените каналски мрежи за одводнување.

Ова се констатираните состојби од страна на Комисијата за земјоделство при ОО СДСМ Битола, по поплавите што викендов го зафатија пелагонскиот регион.

Претставници на Комисијата се во постојан контакт со земјоделците. Нивниот револт е голем. Најавите од власта за наводно целосно обештетување не им се утеха, бидејќи проценките за обештетување одат по партиска линија и се реализираат многу споро. Овие настанати штети не можат да се надоместат, затоа што поплавите ја заситија почвата со вода и ја претворија во кал.

До каде оди институционалната неодговорност покажува фактот што додека голем дел од обработливите површини се под вода, Ј.П Битолско Поле коешто е одговорно, но не ја одржува каналската мрежа за одводнување, им доставува фактури за одводнување на земјоделските производители.

Земјоделците со години плаќаат за нешто што не се реализира поради што се уништува и засеаниот род и нивниот труд.

На теренот се констатирани и други проблеми на земјоделците:

Наплатата на договорите за закуп на земјоделски површини од страна на Катастарот, каде што цените достигнуваат и преку 10.000 ден по договор,

Дигиталниот катастар, каде што има големи грешки, при што некои парцели им се намалени на земјоделците, а други се зголемени што не соодветствува со фактичката состојба на теренот.

Проблеми има со реализацијата на стимулативните мерки за земјоделците – барањата што се поднесуваат за добивање на субвенците, главно им се враќаат бидејки имале неплатени сметки за одводнување, наводнување, пашарина и сл.

Комисијата за земјоделство на СДСМ е во постојан контакт со задолжените за земјоделство при општинските организации во земјава, посебно во критичните региони, со цел да им се помогне на земјоделците во справувањето со бројните проблеми, велат од СДСМ.

Слични содржини