СДСМ: Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп осомничен за тежок криминал

од Vladimir Zorba

„Со секој нов ден, криминогената матрица на ВМРО-ДПМНЕ се’ повеќе излегува на површина. Изречените затворски казни за поранешниот премиер и претседател на партијата, Никола Груевски, за бројни министри, пратеници, градоначалници и други функционери од ВМРО-ДПМНЕ, само го потврдуваат она коешто СДСМ го тврдеше – дека со државата 11 години владееше злосторничко здружување. И уште не стивнале реакциите од последната судска пресуда со која на најбогатата партија во Европа и’ е одземена „Белата палата“, јавноста е сведок на нова кривична пријава против актуелен функционер од партијата на Мицкоски“, вели Зоран Пачешкоски, Претседател на ОО на СДСМ Прилеп.

„Поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.

Во периодот од октомври 2015 до август 2017 година, од позиција на директор на прилепската болница, Ристески без јавна набавка набавил 190.000 килограми мазут во вкупна вредност од околу 5.500.000 денари.

Ова е истиот оној Петар Ристески кому устата му е полна со декларативни заложби за чесност и борба против криминалот и корупцијата, а кој по ништо не се разликува од неговите наредбодавачи Груевски и Мицкоски.

Дали поднесената кривична пријава против него значи дека и тој својот имот, или дел од него го стекнал на незаконски начин, идентично како што тоа го направил унгарскиот бегалец со „Белата палата“?

Доколку Ристески сака да покаже дека не е дел од мафијашките структури на ВМРО-ДПМНЕ, постојат два начина за тоа: Првиот, да даде неотповиклива оставка од пратеничката функција и вториот, да се откаже од правото на пратенички имунитет и да им се стави на располагање на правосудните органи“, додава Пачешкоски.

Слични содржини