СЕ БРОЈАТ МРТВИ ВО РИДИНГ: Уапсен напаѓач, се сомнева за терористички напад (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Најмалку три лица починаа, додека две се во критична состојба, а неколкумина се повредени кога, засега непознат напаѓач, нападнал луѓе што вечерва се наоѓале во парк во градот Рединг во Велика Британија.

Убиецот ги нападнал луѓето со нож.

Полицијата соопшти дека еден маж е уапсен и приведен во притвор.

Засега нема детали за тоа како се случило крвопролевањето. Необични снимки од повредени лица кои лежат на тревата кружат на социјалните медиуми.

Британските медиуми пишуваат дека се сомневаат дека станува збор за терористички напад.

Нападот се случил во парк два часа по анти-расистичките протести под слоганот „Црните животи се важни“, но засега нема докази за поврзаност меѓу двата настани.

Слични содржини