Се мачка со менструална крв бидејќи смета дека е моќна и прекрасна

од desk2

Деметра Никс од Калифорнија која работи како секс терапевт, се мачка со менструална крв за да покаже дека таа е “прекрасна и моќна”.

26-годишната Никс споделила фотографии на својот Инстаграм профил со кои настојува да се спротивстави на стигмата околу менструацијата која често се доживува како “валкана” и табу тема.

Деметра ја добила првата менструација кога имала 12 години, но тогаш се срамела и мислела дека тоа е одвратно – уверување кое ја навело да проба да ја сокрие. Во минатото таа носела спирала, но следеле долготрајни и многу болни менструации поради кои не можела ни да стане од кревет, а ја извадила по една година.

Таа започнала да го менува своето мислење за менструацијата кое често го споделува и на социјалните мрежи, првенствено на Инстаграм на кој објавува фотографии од менструална крв и отворено пишува за својот циклус.

Една фотографија го прикажува зборот “бесрамна” напишан со крв на нејзината нога.

https://www.instagram.com/p/Bqc3-SsHavL/?utm_source=ig_embed

“Претходно се грижев што другите луѓе мислат за мене. Денес не барам одобрување од другите бидејќи она што го стекнав на својот животен пат е најдлабока љубов и потполно одобрување кон себеси. Што би било доколку вистински и длабоко би се сакале себеси?”, пишува под фотографијата објавена на Инстаграм.

“Затоа и ја објавувам својата крв. Тоа е мал чекор кон ослободување на жените од сопствените инхибиции и мое лично големо задоволство”, додава таа.

Веќе една година, Деметра споделува селфија на кои лицето ѝ е прекриено со крв. На една фотографија таа објаснува зошто се одлучила за ваквите храбри објави.

“Ќе го правам тоа секој месец, сѐ до моментот кога луѓето ќе престанат да се шокираат. Ќе го правам тоа сѐ додека луѓето не прекинат да ги учат малите девојчиња дека нормалните телесни функции се одвратни и валкани. Ќе го правам тоа сѐ додека жените не престанат да мислат дека не можат да имаат сексуални односи за време на менструалниот период бидејќи мислат дека тоа е одвратно”, напишала Никс.

“Ќе објавувам вакви фотографии сѐ додека не престанеме да се срамиме од тоа што сме ја извалкале постелнината или облеката”, вели девојката чии објави наишле на различни ставови и мислења.

Едни ја сметаат Деметра за “одвратна и болна”, а некои сметаат дека тоа што го прави е фантастично.

Слични содржини