Сè поубава со годините: Кетрин Зета Џонс прекрасна и без шминка (ФОТО)

од Elena Daskalova

Кетрин Зета Џонс отсекогаш важи за една од најубавите актерки во светот, без разлика каква фризура и да направи или што и да облече.

За неа многумина би рекле дека со годините стана и уште поубава отколку што беше во младоста, на самите почетоци на кариерата. Доказ за тоа е и нејзиното последно селфи кое го објави на Инстаграм, а на кое нема воопшто шминка.

Прекрасната актерка навистина изгледа фантастично, а многу помлади колешки би можеле да ѝ завидуваат.

Таа често објавува фотографии на кои има сосема малку шминка или воопшто не е нашминкана, покажувајќи дека природната убавина е она што навистина е вредно и што се цени.

Слични содржини