Се повеќе возачи сакаат следното возило да им биде на струја, ги нервира спорото полнење на батериите

од desk2

Секој петти Американец сака неговиот следен автомобил да биде електричен, покажа најновото истражување кое го спроведе анкета на непрофитна организација ААА, што претставува зголемување за 5 отсто во однос на претходната анкета од 2017 година.

Резултатите покажуваат раст на популарноста на електричните автомобили во САД, со оглед дека дури и оние кои не би сакале да купат возило на струја, помалку негативно се настроени кон тој вид автомобили од порано.

Меѓу оние кои не се расположени за купување возила на струја, дури 63 отсто наведуваат дека недостаток се станиците за полнење како најголем проблем на електричните автомобили, а додека 58 отсто истакнувааѕ дека се загрижени за малата автономија во возењето.

Интересно е дека милениумците најмалку се загрижени што тие возила имаат скромен радиус на движење, но 48 отсто од нив се загрижени заради малата автономија во возењето, додека кај постарите генерации тој процент изнесува 64, а кај старата популавција 66 отсто.

Кога станува збор за времето потребно за дополнување на батеријата, 68 отсто од анкетираните смета дека разумно полнење е 30 минути, но жените не би чекале подолго од 15 минути.

Само за споредба, најпродаваниот електричен автомобил на светот, моделот Nissan Leaf, потребно е да се полни 7,5 часа за потполно дополнување на батеријата на куќен штекер од 220 V, додека со помош на брз полнач до 80 отсто батеријата се полни за 40 минути.

Слични содржини