Се разведоа Огњен Амиџиќ и Данијела Димитровска

од Stefanija Kuzmanovska

Топ моделот Данијела Димитровска Амиџиќ и ТВ водителот Огњен Амиџиќ решија да се разделат по десет години брак.

Двајцата ќе дадат заедничко соопштение, а нема да даваат изјави на оваа тема, затоа ве молиме почитувајте ја нивната одлука поради актуелната состојба, се наведува во соопштението.

„Сакаме да ве информираме дека решивме да се разделиме, а одлуката за развод ја донесовме заедно. Ќе останеме во пријателски односи заради интересите на нашиот син и по овој повод повеќе нема да се огласуваме и да даваме изјави. Нашиот развод не е по вина на трето лице, па нема простор за дополнителни шпекулации. Им благодариме на сите медиуми за досегашната соработка и бараме да ја почитувате одлуката да не се зборува на оваа тема“, изјавија тие, а пренесуваат медиумите.

Даниела и Огњен беа во брак десет години. Заедно имаат син.

Слични содржини