Актуелно
Почетна / Македонија / Се урива дивоизграден објект на Нефи Усеини во Охрид

Се урива дивоизграден објект на Нефи Усеини во Охрид

Започна да се урива бетонската база на охридскиот бизнисмен и советник од ДУИ од Охрид, Нефи Усеини.

фото: Охридскај

Базата Усени ја направи во јуни минатата година, а за неа, нема ниту еколошка дозвола, како што налага Законот за животна средина, па така, објектот е еден од оние кои го загрозува статусот УНЕСКО на Охрид.

Рушењето го прават работници и механизација. Од Општина Охрид засега нема одговор дали тие ги ангажирале механизацијата и работниците на терен.

Нефи Усеини е советник во Советот на Општина Охрид, член на ДУИ и бизнисмен поврзан со дивоградбите во Охрид. Охридското oбвинителство против води две постапки за напад на службени лица, но никој не го гони за неговите дивоградби.

loading...