Секоја жена треба да ја прочита лекцијата на Шенон Доерти за убавината

од Vladimir Zorba

Шенон Доерти, ѕвездата на сериите „Беверли Хилс“, „9021“ и „Шармиран“, објави фотографија без шминка и филтри, повикувајќи се на токсичните стандарди за убавина.

„Гледајќи ги филмовите вечерва, забележав дека има малку женски ликови со кои би можела да се поврзам. Знаете, жени без филери, без ботокс, без дотерување. Жените кои го прифатиле своето лице и искуството што го покажува“, напиша Доерти во пост на Инстаграм, нагласувајќи дека нејзиното лице го отсликува она што го доживеала.

„Поминав многу. Да, рак, но повеќе од тоа. Сега се прифаќам себе си. Конечно. Заврши со перцепцијата за убавина што Холивуд и магазините ја туркаат и се обидуваат да нè вовлечат во неа. Сакам да гледам жени како мене. Жени како нас“, заклучи таа.

Да потсетиме, на актерката за прв пат и беше дијагностициран рак на дојка пред шест години, а две години подоцна, објави дека е во ремисија. Меѓутоа, во февруари 2020 година откри како нејзиниот карцином се вратил и напредувал во четвртата фаза. Оттогаш, таа повторно влезе во борбата против злобната болест.

Слични содржини