Селмани: „Огнената група“ се избори за малку повеќе демократија во ДУИ

од Nikola Popovski

Поранешниот министер и сегашен политички аналитичар Имер Селмани смета дека епилогот од денешната средба на „Огнената група“ со лидерот на ДУИ, Али Ахмети е дека ќе се отвори малку поголема дебата и ќе се воведе малку повеќе демократија во редовите на партијата, за кои што групата обвинуваше дека има недостиг.

-Адресирано беше кон Ахмети бидејќи факт е дека ДУИ веќе неколку години функционира со половични тела. Се најде решение со него и решението по сѐ изгледа било во рацете на Ахмети. Мислам дека допрва на нив им претстои „огнена“ дебата во редовите откако ќе се формираат телата, дали испорачале соодветни резултати, како што ветувале во предизборието. Факт дека ДУИ изгуби во Тетово и Гостивари е уште дебата, за која јавно никогаш не дебатирале. Останува само Скопје и со вакво незадоволство од страна на ограноците во Чаир и Сарај, ДУИ ризикува да го изгуби. Сето тоа не го гледам од призма на тој што добива внатре. Добро е да се дебатира внатре во партијата, со тоа ќе има поголема дебата и во јавноста. Тоа е добро и за јавноста и граѓаните. Не е добро кога сите аплаудираат на лидерот, истакна Селмани во емисијата „24 отворено“.

Слични содржини