Сенида и Дино Мерлин снимиле дует: Фановите – воодушевени

Босанскиот пејач Дино Мерлин и словенската трап сензација Сенида снимиле дует, јавува Klix.ba. Како што пишуваат тамошните медиуми, соработката се чува во тајност, а на дуетот никој не се надевал, па Мерлин и Сенида успеале да го спојат неспојливото.

Наводно, песната ќе се најде на новиот албум на Дино Мерлин кој треба да излезе оваа пролет. Социјалните мрежи се преплавени од коментари по повод оваа невообичаена соработка, па сите велат дека се работи за добар хит.

Слични содржини