Сетиен нов тренер на Барса

од Aleksandar Petrovski

Кике Сетиен е нов тренер на Барселона, откако раководството на каталонскиот гигант му врачи отказ на Ернесто Валверде . Сетиен (61) минатата сезона го предводеше Бетис, а утре треба да биде претставен „Камп Ноу“. Се работи за стратег кој има искуство само во Шпанија и воедно е последниот тренер кој успеал да победи на „Камп Ноу“ против Барселона.

Тој ќе го води тимот до крајот на сезоната, со можност за продолжување на соработката доколку бидат остварени планираните цели.

Валверде доби отказ по разочарувачкото реми со Еспањол (2-2), како и поразот од Атлетико Мадрид во Суперкупот, кога Барса прими два гола во последните десет минути (2-3).

 

Слични содржини