Северна Ирска: Националистичката партија за прв пат освои најмногу места на изборите

од Vladimir Zorba

Според официјалните резултати, северноирската националистичка партија Шин Фејн, која се залага за обединување со Република Ирска, за првпат во историјата освоила најмногу пратенички места на парламентарните избори.

Според резултатите, Шин Фејн освои 27 места, три повеќе од нејзиниот главен ривал Демократската унионистичка партија (ДУП), која освои 24 места.

Британскиот министер за правда Доминик Раб денеска соопшти дека политичката стабилност на Северна Ирска е во опасност, додека не се решат проблемите со протоколот што ја регулира трговијата по „Брегзит“ меѓу Северна Ирска и остатокот од Велика Британија.

„Јасно е дека стабилноста е загрозена, ако сакате, таа е загрозена од проблемите со протоколот за Северна Ирска“, изјави Раб за Sky News во неделата.

Слични содржини