Шахпаска: На патотот кон ЕУ треба да се водиме од темелните вредности на кои се заснова Унијата

Јагода Шахпаска денес оствари средба со претставниците на Националната конвенција за ЕУ во нашата земја.

На оваа средба министерката за труд и социјална политика заедно со своите соговорници се фокусираа на сесиите и препораките од поглавјето 19 од пристапните преговори – Социјална политика и вработување, активните мерки за вработување, флексибилните форми на вработување и социјалниот дијалог.

Од ресорното министерство, велат дека Националната конвенција за ЕУ како платформа за развивање дијалог и отворање прашања поврзани со пристапните преговори нуди можност за учествуво на поширок круг граѓани, стручни во определена област кои учествуваат во реформите потребни за имплементација на европската легислатива.

„Министерката Шахпаска го посочи одличниот успех на реализација на активните мерки за вработување, гаранцијата за млади и самовработувањето како процеси кои течат. Таа истакна дека олеснетиот пристап на Гарантираната минимална помош не значи само брз влез на лицата во ситемот на социјална заштита, туку и нивно вклучување на пазарот на трудот токму преку активните мерки за вработување се постигнува нивно активно вклучување во општествениот живот“, соопштија од министерството.

Исто така, се дискутираше на оваа средба и за процесот на деинституционализацијата и социјалните услуги кои, наведува МТСП во соопштението, се особено значајни и за државата, но и во однос на усогласувањето со европските вредности.

„Процесот на децентрализирани услуги од една страна значи помош и поддршка на лицата кои имаат потреба од нив во нивниот дом и нивното место на живеење, што воедно овозможува поголема достапност до граѓаните, но и нови вработувања на лица, даватели на услуги. И како особено значаен успех и дел од поглавјето 19 е Законот за спречување и заштита од дискриминација со карактер на lex generalis. Закон кој е усогласен со европската регулатива и во него се дефинирани сите облици на дискриминација“, пишува МТСП.

Шахпаска пососчи и дека за нас како земја е значително на патот на ЕУ да изградиме темелни вредности на кои се заснова Унијата.

„Свесни дека овој процес е долг и сложен, но истовремено овозможува како идна членка да ги завршиме сите неопходни внатрешни реформи пред реалното пристапување во ЕУ“, заклучи Шахпаска.

Слични содржини