Шакира го чистеше станот и пееше: „Можам да го убијам бившиот, а следната ќе биде неговата девојка…“

од Radmila Tasevska

Пејачката Шакира (46) објави ново видео на TikTok, а многумина веруваат дека е посветено на нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике (36).

Шакира се снимаше додека го чистеше станот, а со метла во раката го потпевнуваше текстот од песната ’Kill BIll‘ на американската пејачка СЗА. Во својата песна СЗА ја раскажува приказната за убиецот по име Брајд која сака да го убие своето поранешно момче.

@shakira

♬ Kill Bill – SZA

-Бившиот би можела да го убијам, а не а најдобра идеја. Следна е неговата девојка, како дојдов овде? Можев да го убијам бившиот, но сепак го сакам. Претпочитам да бидам во затвор отколку сама – се стиховите што ги пее Шакира.

Во спотот пејачката беше облечена во црн комбинезон кој го искомбинира со црни чизми на високи потпетици.

Во коментарите имаше обожаватели кои беа малку изненадени од нејзиниот нов спот. „Нема шанси да го објави ова“, „Ако Клара и Пике го гледаат ова …“, „Исчисти му ја крвта“, се само дел од коментарите.

Слични содржини