Шекеринска дел од параглајдинг натпревар: „20 години се обидував да најдам храброст“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Викендов во Маврово се одржал традиционалниот параглајдинг натпревар „Маврово Опен 2021“, а меѓу присутните била и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која летала со помош на инструктор.

– 20 години се обидував да најдам храброст за оваа прилика и сега ми е криво што тоа не сум го направила порано. На секого го препорачувам, и во поглед на убавината овде во Маврово и во поглед на адреналинот кој се создава“, изјавила Шекеринска и додала дека за овој предизвик треба да се оди само во сигурни раце.

Оваа година натпреварот имаше поголемо значење бидејќи беше дел од Евро Куп серијалот кој се одржува на пет локации во светот вклучувајќи го и Маврово.

Слични содржини