Шенон Доерти откри дека ракот ѝ се проширил на мозокот: „Мојот страв е очигледен“

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Шенон Доерти се прослави со улогата на Бренда во серијата „Беверли Хилс“, а подоцна имавме можност да ја гледаме како Пру во хит серијата „Волшебнички“.

Шенон со години се бори со опасна болест. Ракот на дојката ѝ се вратил во 2020 година, а сега објави дека ѝ се проширил на мозокот.

„На 5 јануари 2023 година, мојот КТ скен покажа дека ракот метастазирал во мојот мозок. На дванаесетти јануари се одржа првиот круг на зрачење. Мојот страв е очигледен. Јас сум екстремно клаустрофобична и многу работи се случуваа во мојот живот. Имам среќа затоа што имам одлични доктори и неверојатни техничари. Но, тој страв… Превирањата… Тајмингот на се… Вака може да изгледа ракот“, напишала таа под видеото на кое се гледа како плаче за време на преглед.

Оваа вест ги растажи нејзините многубројни обожаватели, но и нејзините колеги.

Актерката Селма Блер, која неодамна објави дека боледува од мултиплекс склероза, меѓу првите ја коментираше објавата на својата колешка.

„Ова е многу. Ова е многу да се поднесе, уште еднаш. И ти посакувам мир во овие страшни моменти. Знај дека ние сме тука за тебе. Љубов“, напиша таа.

Слични содржини