Шест фази на скршено срце: Дозволете си да тагувате, затоа што тоа е патот до заздравување и слобода!

од Stefanija Kuzmanovska

Постојат неколку фази за успешно надминување на болниот период по раскинување врска која ви значела, велат експертите.

Прва фаза – Сфаќање

Веројатно сте забележале во последно време дека нешто не оди како што треба. Вие сте повеќе напнати, повеќе раздразливи, едноставно, се гледа крајот. Конечно, човек сфаќа дека тоа не е тоа и дека не оди понатаму. Сега најважно е да сфатиме дека тоа не функционирало и дека никој и ништо во оваа ситуација не треба да се идеализира.

Втора фаза – Прифаќање на ситуацијата

Не е важно дали сте се скарале како никогаш порано или разумно сте се договориле, вие чувствувате дека повеќе не сакате да го видите. И тогаш, сфаќате дека навистина не можете повеќе да му се јавите или да го поканувате на кафе или разговор. И тогаш настанува паника. Што ако ти недостига, и што (што е секако полошо за тебе во тој момент) ако воопшто не ти недостасува? Дали требаше воопшто да раскинете? Секако дека требаше, бидејќи врската не функционирала. Не му се јавувајте затоа што сте (без разлика кој од вас двајца) раскинале со причина. Она што ви недостасува е нормална појава, но тоа не значи дека треба повторно да им се фрлите во прегратка, ако навистина не функционирате заедно. Во оваа, втора фаза, најважно е да разберете како врската навистина не функционирала, без идеализација. Секогаш потсетувајте се да не му се јавувате. И, ако тоа не ви одговара, тогаш обидете се да запомните некои ситуации и сцени во кои сте се чувствувале лошо и моменти кога не сте биле среќни или сте биле повредени, а тоа сигурно ќе ја оддалечи вашата желба да му се јавите.

Трета фаза – Тагување

Откако ќе сфатите дека вашиот живот ќе биде поинаков, ќе поминете низ фаза на тага. О, да, ќе плачете на заедничките песни, ќе плачете кога ќе почувствувате дека перницата сепак мириса на него и постојано ќе ја анализирате врската. Можеби изгледа дека вашиот живот во одреден момент завршил, но треба да знаете дека времето ги лекува сите рани, а скршеното срце со текот на времето ќе заздрави. Оваа фаза е најлоша, но не потиснувајте ја тагата, бидејќи ако ја потиснувате, подоцна ќе се чувствувате само полошо.

Четврта фаза – Лутина

„Идиот! А го чував како капка вода на дланка“. Ова е најкритичната фаза. Во неа ќе направите список со најиритирачките работи што ги сторил, а кои можеби сте ги сметале за слатки. Во оваа фаза, наместо да легнете во кревет и да гледате стари филмови, треба да започнете да се грижите повеќе за себе. Одете на фризер, одете на шопинг и средете се. Кога изгледате добро и се чувствувате подобро. Во оваа фаза, веќе треба да кажете: „Ако тој не ме сака, тоа е негова загуба, а не моја“. Пронајдете нови хобија, посветете се на работа, спортувајте и дружете се со пријателите што е можно повеќе. Нема смисла да се сожалувате, кога целиот свет ве чека вас, и нови луѓе и интересни искуства што ќе ги доживеете.

Петта фаза – Отворање

Со текот на времето, ќе почнете да сфаќате дека вашиот бивш не е единствениот. Постојат многу други интересни луѓе. Поентата е дека, кога повторно ќе се отворите, и другите ќе се отворат пред вас и ќе сакаат да ве запознаат подобро. Дури и ако не сте подготвени да започнете врска, излезете и повторно започнете да се забавувате. Бившиот ќе го заборавите побрзо ако се почесто се движите во друштво на други луѓе.

Шеста фаза – Слобода

Не сте размислувале за бившата со денови, и наеднаш бум. Ќе го видите на улица со нова девојка. И одеднаш изненадување. Потполно ви е сеедно. Додека се поздравувате, ви се чини дека на вашиот поранешен му е понепријатно отколку на вас. Но, важно е кога средбата ќе заврши да ја држите главата исправена и да не размислувате за тоа повеќе од 10 минути. Насмевнете се, бидејќи конечно сте слободни.

 

Слични содржини