Шилегов го демантира Апасиев: Син ми нема објект во Ист Гејт, „привезокот“ доработува за газдата

од Nikola Popovski

За разлика од противкандидатката, јас веднаш отворено и експлицитно демантирам. Лажните вести нема да ви пројдат на овие избори. Како што веќе покажа, „привезокот” дообработува за газдата, објави актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, откако лидерот на Левица, Димитар Апасиев објави дека неговиот син бил сопственик на 350 квадрати луксузен деловен објект во новиот трговски Ист Гејт.

Тој потенцира дека скопјани не се наивни луѓе.

-Џабе ги потценувате. Мојот син нема сопственост на деловен простор во новоотворениот East gate. П.С. Вашата омраза кон сѐ што живее, нема да ја победи мојата љубов кон Скопје и скопјани!, сподели Шилегов со јавноста.

Слични содржини