Шилегов: Градиме нов мост на Вардар кој ќе ги поврзува Гази Баба и Аеродром

од Nikola Popovski

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, вечерва беше меѓу на маалска средба со граѓаните на Гази Баба како дел од серијата теренски активности „Најдоброто за нашата општина“.

– СДСМ постојано е со граѓаните и меѓу граѓаните, каде што е нашето место, презентираме што е сработено, но исто така и ги слушаме сугестиите на граѓаните за што може дополнително да се направи во наредниот период, Дали станува збор за локално или централно ниво СДСМ е најдобриот избор на граѓаните. Најдобриот затоа што сите општини се развиваат рамномерно, затоа што СДСМ има визија и концепт, затоа што реализирани се над 63 отсто од проектите кои СДСМ ги вети во изборните програми. Затоа што владата предводена од СДСМ во минатите 4 години инвестираше над 11.5 милиони евра во над 32 км патна инфраструктура во општина Гази Баба, посочи Шилегов.

Осврнувајќи се на досегашниот период, Шилегов наведе дека и во Гази Баба и во другите скопски општини се инвестира во важни капитални проекти.

– Градиме нов мост на Вардар кој ќе ги поврзува Гази Баба и Аеродром, важен капитален проект не само за овие две општини туку и за цело Скопје. Ги реконструиравме булеварот Александар Македонски и улицата Благоја Стефковски, расчистивме бројни диви депонии во општината, пробивме нови велосипедски патеки и подигнавме нови зелени површини. Сето тоа го правиме заедно со локалната власт, за граѓаните на Гази Баба, посочи Шилегов

Слични содржини