Секоја година рускиот претседател Владимир Путин држи прес-конференција на која се присутни стотици новинари. Оваа година прес-конференцијата беше терапија за смирување со неколку изрази на сила, оценува Јури Решето, во анализата на DW

„Путин-бинго“ се вика смешната игра која ја симнав од интернет со моите колеги. Треба да се кликнат 25 често употребувани изреки на рускиот претседател. Трите најчесто употребувани се: „тешки времиња“, „нашите партнери не се доволно остроумни“ и „тоа ќе го контролирам лично“.

Сѐ полошо отколку лани

И годинава, веднаш на почетокот на прес-конференцијата, имаше анегдота. Рускиот претседател е познат по тоа дека ги пакува важните, но непријатни пораки, во извртени басни, поговорки и параболи. Стануваше збор за економијата и проценките на Путин за состојбата. Минатата година мислевме дека преживуваме тешки времиња. Оваа година знаеме дека тоа беа добри времиња“, рече Претседателот. Што би значело: „никогаш не било полошо“ е токму сега! Тоа, во основа, беше и најискрениот одговор на Путин во текот на целото тричасовно шоу. Она што дојде потоа беше само чисто смирување.


0,,18923789_303,00

Бројките и статистиките за рускиот брутодомашен производ, кои Путин ги излагаше речиси половина час, требаше да докажат дека состојбата сепак не е толку лоша. Истото важи и за сите внатрешнополитички теми – од исплатата на пензиите до корупцискиот скандал околу јавниот обвинител и убиството на Немцов: властите ќе истражат сѐ прецизно, нема да се остави простор за шпекулации. Благодарам за доброто прашање! Ритуал, кој би требало да биде израз на загриженоста дека влијанието на медиумите верни на државата наскоро можеби нема да биде доволно при манипулирањето на јавното мислење и дека состојбата во земјата излегува од контрола. Затоа, би било добро да се смирува, сега и овде.

Агресивно кон Турција, релаксирано кон САД

Реакцијата на Путин на дури четири прашања за Турција („нож в грб“ од нашата бинго-игричка) покажува дека Кремљ и натаму сака својата моќ да ја легитимира воено-патриотски и дека системот функционира одлично во одбранбен модус. Москва не сака да соработува со актуелното раководство на Турција. Путиновото „не гледам перспектива“ (Бинго!) значи дека конфликтот ќе трае долго. И, ако Турција на САД „сака да им лиже одредени делови на телото“…Оп! Еден државник не зборува вакви работи. Путин да. Но, додава и дека не е сигурен оти тоа навистина им е потребно на САД.

Кога све веќе кај САД: шефот на Кремљ овојпат беше впечатливо воздржан. Тоа беше продолжување на новата реторика кон Вашингтон од неговиот говор до нацијата пред две недели. Тој бил согласен со Обама, вели. Ќе се соработува по прашањето на Сирија, особено на наоѓањето политичко решение. Единствен камен на сопнување: претседателот Асад. Путин сепак рече дека сирискиот народ „не треба да се принудува“ на нешто.

По три часа еден од колегите извика „Бинго!“ Старите флоскули беа употребени. Имаше и неколку нови. Владимир Путин си останува доселеден на себеси. Толку.

DW

Слични содржини