Штип ќе слави за поканата за влез во НАТО и ЕУ

од Vlatko K

На Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип, вечер со почеток во 20 часот и 30 минути ќе почне прославата по повод поканата за влез во НАТО и ЕУ.

Градоначалникот на Општината, Благој Бочварски истакна дека врвните стратешки цели и интереси на нашата земја конечно се остваруваат. Македонија станува триесеттата членка на НАТО, а македонското знаме ќе се вее пред седиштето на НАТО во Брисел. Тој истакна дека истовремено, Македонија доби датум за почеток на преговори за полноправно членство во Европската Унија.

-Меѓународната заедница ги препознава позитивните промени во нашата земја, како и динамичниот процес на реформи и унапредување на општествениот дијалог. Ова е голем успех за Македонија, постигнат со силна желба за подобра сегашност и иднина на нашите граѓани. Затоа, ве поканувам сите заедно да се обединиме и да го прославиме историскиот успех на Македонија на голема граѓанска прослава, вели Бочварски.

На градскиот плоштад „Слобода“ во Штип најавено е дека свои настапи ќе имаат Елена Ристеска и ДНК.

 

Слични содржини