Американскиот претседател Доналд Трамп откри што би побарал од рускиот претседател Владимир Путин, ако седеше на една маса со него. Ова беше објавено од Фокс Телевизија, на прашање на нивниот новинар.

Новинарот  побарал од американскиот претседател да ги објасни зборовите дека тој заслужува Г7 да стане Г8 со враќање на Русија.

Доналд Трамп истакнал дека тоа би било од корист, бидејќи учесниците на самитот на Г-7 имаат поминато една четвртина од своето време  за дискутирање  за Русија.

“Јас не сум за Русија. Јас сум за САД. Ако на пример Путин седеше против мене на истата маса таму, во Канада (местото на средбата на Г-7), би рекол:” Ќе ми направите ли услуга? Ќе ја напуштители  Сирија? Ќе ја напуштите ли Украина? Вие не мора да бидете таму “, рече Трамп.

Американскиот претседател исто така рече дека ќе има добри односи со Путин. Трамп заклучува дека ако рускиот претседател е на самитот, тој ќе има можност да побара работи кои би биле корисни за светот.