Швајцарија на ивица на хаос: Шест пати повеќе заразени со корона отколку во јуни

од Aleksandar Petrovski

Новиот шеф на работната група што ја советува швајцарската влада во борбата против коронавирусот, Мартин Акерман, рече дека земјата треба да ги заостри ограничувањата за повторно задушување на коронавирусот по неодамнешното зголемување на бројот на случаи, со цел да се спречат многу построги мерки во иднина.

Во Швајцарија неодамна беше забележан нов скок во нови случаи на ковид-19 на повеќе од 200 на ден, по просечни 35 во јуни, што е зголемување за скоро шест пати!

Акерман, експерт за микробиологија, кој го предводи телото што дава научен совет на швајцарската влада, рече дека земјата е на работ на големо зголемување на инфекциите и дека има малку простор за маневрирање, пренесува Ројтерс.

Акерман, кој ја презеде функцијата шеф на работната група во саботата, рече дека го поддржува задолжителното носење маски за лице во затворено. Маските за лице во моментот се задолжителни само на јавниот превоз и на политички демонстрации.

Тој додаде дека јавните собири повторно треба да бидат ограничени на 100 луѓе. Во моментот до 1.000 лица им е дозволено да се собираат во Швајцарија.

Швајцарија укина делумно затворање што беше воведено во март, кога продавниците, баровите и рестораните добија наредба да се затворат за да се спречи ширењето на вирусот, во кој се инфицирани 35.000 луѓе и починати 1.707 во земја со 8,6 милиони луѓе.

Слични содржини