195
Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека врските на Кина со Германија ќе продолжат цврсто да се развиваат, се додека двете страни меѓусебно се почитуваат и бараат заеднички јазик, и покрај разликите што постојат.
Си на средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој е во тридневна посета на Кина, рече дека билатералните односи мора да се развиваат во секој аспект, од долгорочна и стратешка перспектива.
„Се додека двете страни меѓусебно се почитуваат, бараат заеднички јазик, одржувајќи различни ставови за одредени прашања, комуницираат и учат едни од други и постигнуваат заемна корисна соработка, односите меѓу Кина и Германија ќе продолжат постепено да се развиваат“, рече Си.