Најмалку 20 лица се повредени откако елементарна непогода ја погоди јапонската префектура Чиба, каде обилните врнежи од дожд предизвикаа големи свлечишта.

Тајфунот стигна до Токио од Јужниот Пацифик со ветрови до 216 км на час.

Поради силниот ветер и поројниот дожд, стотици летови беа откажани на неколку аеродроми околу јапонската престолнина.

Тајфунот ги зафати покривите, скрши дрвја и прозорци.