Симптоми кои укажуваат на тоа дека жената влегува во менопауза

од Stefanija Kuzmanovska

Перименопауза или предменопауза е периодот во кој телото се подготвува за периодот на неплодност (менопауза). Многу жени поминуваат низ големи промени, а еве ги и симптомите кои се јавуваат кај повеќето.

Во перименопаузата, јајниците произведуваат помалку естроген, а овој период најчесто се јавува во четириесеттите години, а некои истражувања покажуваат дека жените пушачи влегуваат во менопауза неколку години порано.

Симптоми кои укажуваат на предменопауза се: бранови на топлина, црвенило на лицето и зголемено потење, често се чувствувате уморни и поспани, брзо се менува расположението, нередовна менструација, нарушена когнитивна функција, потење во текот на ноќта, слаба желба за секс, се појавува болка во зглобовите и мускулите, како и проблеми со мокрење и постојано сте гладни.

Експертите истакнуваат дека многу жени влегуваат во менопауза неподготвени, а честопати се јавува и губење на самодовербата како резултат на промените во изгледот. Кај некои жени, кожата се менува, косата почнува да паѓа, додека некои драстично добиваат на тежина, па затоа е важно навремено да реагирате на симптомите и да разговарате со експерти.

Постојат одредени додатоци на билна основа кои можат да ги ублажат симптомите на менопауза, но важно е да се консултирате со лекар и да откриете како најдобро да го регулирате лачењето на хормоните.

Слични содржини