Сите заблуди за коронавирусот кои кружат на социјалните мрежи

од Elena Daskalova

Во борбата и превенцијата од коронавирусот најважно е да се следат советите на СЗО и на локалните центри за јавно здравје и строго да се придржуваме до нив.

Но, во денешно време социјалните мрежи се место каде се шират многу митови и невистини, кои за жал, добиваат многу поголема публика од релевантните изводи, а со тоа и споделување и доведување на луѓето во заблуда.

Така, досега бевме сведоци дека со вода можеме да го внесеме коронавирусот во дигестивниот систем, дека одредени лекови ја влошуваат состојбата, но и неправење разлика меѓу ковид-19 и сезонска алергија.

https://den.mk/%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b2%d0%b5%d1%80%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%98%d1%82%d0%b5-%d0%b3%d0%b8-%d1%84%d0%b0%d0%ba%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b2%d0%be%d0%b4%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b5-%d0%bc%d0%be%d0%b6/

Имајте предвид: се работи за нов вирус со кој светот уште се бори и се обидува да создаде лек и не постојат волшебни лекови и минерали кои би го исчистиле.

Ова се најчестите митови кои се појавија на социјалните мрежи, а кои го доведуваат во заблуда населението:

Лук и чај од лук

Лукот е одличен за зајакнување на имунитетот, но не може да се смета за лек против вирус. Дури и од СЗО беа принудени да издадат официјално соопштение дека лукот не лечи од заразата од коронавирус, односно за тоа нема официјални докази.

Волшебни минерали

Многу препродавачи на суплементи ја искористија приликата да ги рекламираат производите како добри за заштита и лечење на ковид-19. Најпрво, дури и природните лекови треба да се одобрени од фондовите за здравство и комисиите за лекови, па затоа не треба да паѓате на маркетиншки трикови, особено не такви кои може да го загрозат вашето здравје.

МОЖЕ ДА БИДЕ ПРЕОПАСНО: Зошто никако не смеете да земате лекови на своја рака?

Пиење вода секои 15 минути

Извесен „јапонски доктор“ советува да се пие вода на секои 15 минути како вирусот би се „испрал“ од усната шуплина и би се внесол во дигестивниот систем, каде ќе биде уништен од желудочните течности. Бизарноста на ова тврдење е излишна да се коментира, но добро е да се знае дека кога веќе влегол преку носот или устата овој вирус, додека да се сетиме да се напиеме вода, тој веќе стигнал до „таргетот“, во овој случај респираторниот систем.

Изложување на сонце

Наводно, топлината го убивала вирусот, па се препорачува седење на сонце, пиење топла вода, капење во врела бања и користење фен. Вирусите не опстануваат долго надвор од телото, а ако се во телото, не постои начин на кој би го убиле. Дури и во најосновните лекции по биологија се учи дека кога телото е нападнато од вирус, тоа треба да се избори самото, што се манифестира со одредени симптоми, во овој случај респираторни, кои пак се лечат со терапија наменета за нивно ублажување и смирување. Во просек, за вирус да биде „убиен“ од топлина треба да биде над 60 степени Целзиусови, што, како што знаете, ниту нашата кожа, ниту дигестивниот систем може да го поднесе тоа.

Во меѓувреме, бидете одговорни и дисциплинирани, изолирајте се, избегнувајте потенцијално загрозувачки контакти и секако, потрудете се да работите и на своето ментално здравје, бидејќи и тоа во овие моменти е подеднакво важно како и физичкото.

https://standard.mk/magazin/razlikuvajte-zashtitna-maska-od-obichen-prekrivach-za-litse/

Слични содржини