Сити се откажа од трката за Роналдо

од Nikola Popovski

Иако со денови се шпекулираше дека Кристијано Роналдо би можел да ја продолжи кариерата во Манчестер Сити, тој договор нема да се случи.

Имено, „граѓаните“ се откажаа од Кристијан. Тие се повлекоа од преговорите, пренесува Фабрисио Романо, познат фудбалски новинар.

Сепак, тоа не значи дека Роналдо повеќе нема да биде во Манчестер, бидејќи Јунајтед подготвува понуда за поранешниот фудбалер.

Да потсетиме, Роналдо одби да тренира со Јувентус, па прашање на време е кога ќе следи трансферот.

Португалецот го носеше дресот на „старата дама“ три сезони, но летово одлучи дека е време да се збогува.

Тој веќе се прости од поранешните соиграчи и разговарал со тренерот Масимилијано Алегри и управата на клубот.

Роналдо одигра 134 натпревари за Јувентус и постигна 101 гол. Покрај тоа, тој беше асистент уште 22 пати, а сега сака да се врати во Премиер лигата.

Последен пат играше во Англија во сезоната 2008/2009, бидејќи по крајот на таа сезона се пресели во Реал Мадрид за тогаш рекордни 94 милиони евра.

Слични содржини