Ситуацијата во Прилеп алармантна, може да се стави во карантин

од Берта Китинска

Поради влошената состојба со Ковид-19, градоначалникот на Прилеп  Илија Јовановски бара да се воведе карантин.

-Мора да има карантин во Прилеп за да се стави под контрола ситуацијата со ковид-19, изјави, во гостување на 24 Вести, прилепскиот градоначалник.

Неговото барање ќе биде разгледано утре од Комисијата за заразни болести, која ќе треба да одлучи дали ќе го одобри.

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски вчера рече дека ситуацијата во Прилеп е алармантна и в петок Комисијата за заразни болести ќе го разгледува тоа како проблем.

Според последните податоци од Министерството за здравство, во Прилеп има 1021 активни случаи. Прилеп е втор град по најмногу активни случаи, веднаш зад Скопје, кое има 10130.

Слични содржини