Скандалот „Перез“ го тресе Мадрид: Роналдо е идиот, Мурињо е ненормален

од Stefanija Kuzmanovska

Скандалот наречен „Флорентино Перез“ продолжува да го тресе Мадрид и најголемиот клуб во светот – Реал. Ден по појавувањето на аудиоснимките од 2006 година, во кои тој ги нарече Раул Бланко и Икер Касиљас измамници, пристигнаа нови инкриминирачки материјали.

За време на неговиот прв мандат во една од изјавите на Раул и Касиљас, Перез ги нарече измамници, објави „Ел Конфеденсијал“, а истиот весник сега објави нови проблематични зборови на претседателот на „кралскиот клуб“.

Тие се од 2012 година и може да се слушнат како Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо, две големи sвезди на светскиот фудбал кои оставија длабока трага на „Сантијаго Бернабеу“, ги нарекува егоисти и идиоти.

„Кристијано Роналдо е луд. Тој е идиот и болен човек. Ќе помислиш дека е нормален, а потоа ќе сфатиш дека не е затоа што нормален човек не би го сторил тоа. Тој е човек со големо его, тој е разгален. Тој прави што сака“, наводно рекол Перез, а потоа на удар се најде Мурињо.

„Жорже Мендеш не го контролира Кристијано, исто како што тој не го контролира Морињо. Нула влијание. Овие се момци со сериозно его, обајцата се разгалени и не ја гледаат реалната слика затоа што можеа да заработат многу повеќе пари ако беа попристапни. Двајцата се ненормални затоа што зборуваме за огромни пари за имиџ права. Исто така, со лицата кои ги имаат и тој пркосен израз дека никој не ги сака, публицитетот е спротивен“.

Човекот кој го одбележа 21-от век во Реал очигледно има нешто против играчите на Португалија.

„(Фабио) Коентрао е уште еден фудбалер без мозок. Реал Мадрид ги „изеде“. Коентрао го изеде притисокот. Тој е ср*ње играч“, изјави Перез.

Слични содржини