Скопје се полни, Аеродром најпосакувана населба за живеење

од Берта Китинска

Внатрешноста на земјата забрзано се празни, додека Скопје и околните места изминативе две децении добиле нови станари.

И додека во внатрешноста на земјата се регистрирани дури 207 населени места во кои не е останат ниту еден жител, главниот град Скопје и неговата околина се полнат со нови жители.Според податоците од најновиот попис во Северна Македонија живеат 1.836.713 жители, што е намалување од 9,2 отсто, или 185.834 лица помалку во однос на последниот попис од 2002 година.

Во Скопскиот регион живеат најголем број жители – 607.007 или 33,04 проценти од вкупното резидентно население, иако е најмал по површина и опфаќа само 1.812 квадратни километри или 7,3 отсто од територијата на државата. Ова е и најгусто населен регион со 334,99 жители на квадратен километар.

Ова е единствен од сите осум региони каде е зголемен бројот на жители за 28 863, што е по 15,9 жители на квадратен километар или 4,99 проценти во однос на 2002 година. И во 2002 година регионот бил на прво место по бројот на жители со 28,51 отсто од вкупното население.

Во последните 20 години, заедно со растот на населението, има и раст на домаќинствата – 29.204 или 15,14% и раст на становите – 54.858 или 22,55%.

Процентуално најголем раст имаат Студеничани – 27,39%, Шуто Оризари – 23,68%, Сопиште – 18,69% и Петровец – 10,84%, а потоа следат Илинден – 9,70%, Арачиново – 9,30%, Сарај – 8,45%, Чучер-Сандево – 8,32%, Кисела Вода – 8,26%, Аеродром – 7,95%, Ѓорче Петров – 7,71%, Карпош – 6,86% и Бутел – 1,60%.

Во апсолутни бројки најголем раст има Аеродром – 5.726, што е по 262 жители на метар квадратен. Истовремено, бројот на домаќинства е зголемен за 6.400 или 22,94 %, а бројот на станови за 11.583 или 32,78%.

Пад на населението имаат Зелениково – 17,67%, Гази Баба – 4,12%, Чаир – 3,45% и Центар – 3,24%.

Во Гази Баба и Центар, иако загубиле по 2.991 и 2.237 жители, во последните 20 години го зголемиле бројот на домаќинства и станови. Во Гази Баба бројот на домаќинства е зголемен за 2.173 или 9,65%, а на станови за 3.738 или 14,05%, додека во Центар бројот на домаќинства е зголемен за 1.712 или 10,04%, а на станови 8.217 или Според податоците од најновиот попис во Северна Македонија живеат 1.836.713 жители, што е намалување од 9,2 отсто, или 185.834 лица помалку во однос на последниот попис од 2002 година.
30,37%.

Просечната возраст на населението изнесува 40.08 години. Според возрасната структура, најголем процент од населението 7 отсто – се во возрасната група од 40-44 години.Во Северна Македонија е попишанo и 51 лицe на возраст над 100 години.

Слични содржини