„Ги повикуваме сите демократски и солидарни сили да се соберат на граничниот премин Ригонце (Добова) денеска во 18 часот. Да ѝ дадеме на Владата на Република Словенија јасна порака дека Словенија ќе покаже солидарност и дека никогаш нема да стане гранична диктатура”, стои на повикот на „Protivrasistične fronte brez meja“ со кој Словенците се повикуваат на протест ,пренесува Индекс. – Ниту границата нема да не запре, се вели на крајот од повикот.
Дел од словенечката опозиција се залага за отворање на границите за бегалците и мигрантите и поголема солидарност кон нив, со што се приклучи на постоечките критики во јавноста поради суспензијата на Шенгенскиот договор и контролата на границата со Унгарија.
Предупредуваањата се дека бегалците во Хрватска има во сѐ поголем број и дека таа не може да го издржи притисокот, ситуацијата на словенечката граница станува драматична , а пораките се дека Словенците треба навистина да изразат европска солидарност.
Словенечката полиција на својот веб-сајт отвори посебен портал кој ја известува јавноста и потенцијалните бегалци на законодавството на кое се придржува во својата работа.Сите кои сакаат легално да влезат Словенија од трети земји надвор од ЕУ не може да го направат тоа ако немаат валидни патни исправи, шенген виза или дозвола за престој на територијата на ЕУ, предупредува словенечката полиција.
фото Totalna-pozitiva.com