Снежна бура во САД, паѓа леден снег, над 200 илјади домаќинства без струја (ВИДЕО)

од Milan1

Големата зимска бура, која погоди милиони Американци, донесе леден дожд и снег во централниот дел на САД, додека авиокомпаниите откажаа илјадници летови. Властите ги повикаа жителите да не патуваат, бидејќи сообраќајот е во колапс.

Голем број училишта се затворени, а во некои делови од земјата има и прекини на електричната енергија. Околу 8.000 летови во САД кои беа закажани за среда или четврток се откажани. Речиси 700 летови беа откажани само во четвртокот на меѓународниот аеродром Далас-Форт Ворт, а повеќе од 300 на аеродромот Далас Лав Филд.

Повеќе од 200.000 домаќинства и компании останаа без струја. Предупредувањата за зимска и ледена бура се на сила во областа од Тексас до Среден Запад и Нова Англија, соопшти Националната метеоролошка служба.

Повеќе од 100 милиони жители во најмалку 25 сојузни држави се предупредени за временските неприлики, јавуваат американските медиуми.

Метеоролошката служба предупреди дека температурите, поради невремето, на повеќе места во наредните денови ќе бидат екстремно ниски, некаде и до шест степени под просекот.

Слични содржини