Со нож нападнал луѓе на улица: Петмина убиени, 15 ранети

од Nikola Popovski

Во градот Анкинг во источна Кина, маж убил 5 лица со нож и ранил 15 лица на улица, а локалната полиција објави и потврди дека напаѓачот е уапсен, а сите повредени се пренесени во болница.

Засега не е јасно кој бил мотивот за овој смртоносен напад, а истрагата е во тек. Локалниот центар за трансфузија на крв апелираше до граѓаните да даруваат крв затоа што резервите привршуваат, пренесува Ројтерс.

Минатиот декември, во град во североисточна Кина, напаѓач уби седум лица и рани седум со нож, а чувар на градинка во град во јужна Кина рани дури 39 лица со нож минатиот јуни, за што беше осуден на смртна казна.

Според кинеските закони, продажбата и поседувањето огнено оружје е нелегално, па масовните напади се вршат со ножеви или аматерски експлозивни направи.

Слични содржини