Денес времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Според Управата за хидрометеоролошки работи температурите ќе се движат од под нулата, па се до 20 степени Целзиусови.

Утринсктие температури ќе се спуштат под нулата, најстудено се очекува да биде во Берово, со температури до минус 6 степени.

Дневната температура ќе се искачи и ќе се движи од 14 па се до 20 степени Целзиусови.

Во Скопје претежно сончево и топло со слаб ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура се очекува да достигне 16 степени Целзиусови.

Слично време, со температура необично висока за овој период од годината на очекува и во текот на утрешниот ден.

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, а долж Повардарието од северозападен правец.