Сопственик на локал нападнал вработена

од Nikola Popovski

Вработена во кафуле во центарот на Скопје била нападната од сопственик на објектот, информираат од полицијата.

На 06.02.2023 во 22.00 часот во СВР Скопје, М.И.(42) од Скопје пријавила дека околу 19.25 часот на работното место во угостителски објект на ул.„Аминта Трети“ била физички нападната од сопственикот на објектот С.Т.(56) од Скопје.

По целосно документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.

Слични содржини