Состојбата на Берлускони се подобрува, но тој се уште е на интензивна нега

од Stefanija Kuzmanovska

Здравствената состојба на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони се подобрува, но тој се уште се наоѓа на одделот за интензивна нега, соопштуваат од болницата во Милано каде што тој престојува.

Како што пишува „Ројтерс“, Берлускони (86) минатата среда бил итно хоспитализиран, што предизвикало шпекулации дека неговиот живот е во опасност.

Сепак, лекарите подоцна соопштија дека неговата состојба се стабилизирала.

„Во текот на изминатите 72 часа, има подобрување во дишењето и функцијата на бубрезите“, се вели во последниот официјален извештај во четвртокот.

Претходно „Ројтерс“, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека Берлускони боледува од леукемија.

Слични содржини