Советникот на Мицкоски со пушка си го нападнал соседот

од Aleksandar Todeski

Советникот на Христијан Мицкоски и поранешен македонски амбасадор во Словенија, Томи Димитровски вчера попладне, околу 15:30 часот репетирал пушка вперена кон неговиот сосед, дознава Локално. Кај него, по пријавата од страна на соседот А.Д., биле пронајдени и повеќе парчиња муниција и оружје, за кои се проверува дали Димитровски има дозвола.

„Вчера околу 15.30 часот А.Д. пријавил дека во зграда на улицата „Тодор Александров“ во Скопје неговиот сосед Т.Д. по кратка вербална расправија во ходникот на зградата извадил автоматска пушка и ја репетирал кон него. Полициски службеници веднаш по добивањето на пријавата излегле на местото на настанот. Во домот на Т.Д. се пронајдени повеќе парчиња оружје и муниција, кои се одземени. Т.Д. е повикан во полициска станица и со него е извршен службен разговор и се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Димитровски е познат во јавноста како поранешен конзул во Солун, од 2007 година до 2014 година и амбасадор во Љубљана од 2014 година до 2018 година, за потоа, од почетокот на годинава да стане советник на Мицкоски.

 

Слични содржини