Советот на Европа ѝ нареди на Италија да ја укине или промени регулативата за мигрантите

од Stefanija Kuzmanovska

Италија треба да ја укине или преработи новата регулатива за миграција која има за цел да го намали обемот на спасување мигранти извршени од бродови на невладини организации, рече комесарката за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ во писмо до италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоци.

Регулативата, усвоена од десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони, бара спасувачките бродови да пристигнат во пристаништето без одлагање по операцијата за спасување и да не остануваат на море барајќи други чамци со мигранти во неволја.

Во писмото испратено до Пјантедоци минатата недела, кое беше објавено на интернет денес, Мијатовиќ посочи дека регулативата ги ограничува можностите за спасување бидејќи ги принудува спасувачките бродови да ги игнорираат другите повици за помош дури и кога сè уште имаат капацитет да спроведат понатамошни спасувања, објави „Ројтерс“.

Слични содржини