Спасено две и пол годишно девојче од под урнатините, 24 часа по катастрофалниот земјотрес во Турција

од Vladimir Zorba

Припадници на спасувачките екипи 24 часа по катастрофалниот земјотрес што ја погоди турската источна провинција Елазиг спасиле две и пол годишно девојче од урнатините.

Во еден момент, спасувачките екипи слушнале глас како доаѓа од под урнатините на една зграда во населбата Мустафа Паша. Наскоро оствариле контакт со женска личност, која им рекла дека има дете под урнатините.

Жена со плачлив глас барала помош, велејќи дека веќе не можат да издржат под урнатините.

Спасувачките екипи тогаш вложија огромни напори, на крајот копајќи тунел и успеаја да стигнат до местото каде што се наоѓаа и девојчето го извлекоа на безбедно место и ја пренела во болница. Спасувачите вложуваат максимални напори да ја спасат и нејзината мајка.

Турската дирекција за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека бројот на загинати во земјотресот што го погоди градот Елазиг, во источна Турција, во петокот, се зголеми на 29.

По силниот земјотрес, 1.466 лица се обратиле на лекар за помош.

Според последните податоци, во земјотресот биле уништени 72 згради, 514 претрпеле голема и 409 помала штета. Во централните делови на Елазиг се уште трае акцијата за пребарување и спасување за преживеаните.

Епицентарот на земјотресот со јачина од 6,8 степени е регистриран во петокот во 20:55 часот по локално време во Сиврице, недалеку од Елазиг, во близина на сириската граница.

Земјотресот бил почувствуван и во околните градови и во северните делови на Сирија и Ирак.

Слични содржини