Спасовски: МВР за граѓаните – Продолжуваме!

од Берта Китинска

„МВР за граѓаните – Продолжуваме!Од 2017 до 2021 година, реконструирани се 70 објекти на МВР, целосно нови униформи за специјалните единици, Униформираната полиција, Одделот за заштита на определени личности и објекти во рамки на БЈБ, за Хеликоптерската единица и за младите полицајци и приправници – Исплатени се три бонус плати за прекувремено работни часови, сериозен успех во борба со илегална миграција, недозволена трговија со дрога и оружје, зголемена безбедност на сообраќајот на патиштата. Вратена е довербата на граѓаните во МВР, воспоставен концепт полиција – сервис на граѓаните. Република Северна Македонија е рангирана како најбезбедна држава на Западен Балкан, со скок од 71. место на 40.место во овој временски период, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утрово на неговиот официјален фејсбук профил.

Во 2022 година, објави министерот Спасовски, зголемување на плата за пет проценти на сите вработени во МВР, обезбедени средства за бонус плата за оствaрени над 150 часа прекувремена работа во 2021 година, реконструкција на Центарот за обука Идризово, Одделот за граѓански работи во МРТВ и изградбата на Полициската станица Аеродром.

„Продолжува реновирањето на ОВР Прилеп, ОВР Радовиш, ОВР Делчево, ОВР Берово, ЕВР Карпош, Одделот за заштита на личности и објекти во Скопје, ЕВР Гази Баба и ОВР Свети Николе– Национален форензички центар – нов објект на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења. Проект „Автоматизирана идентификација на отпечатоци од прсти и дланка“ – нова лабораториска опрема за Крим-техника. Модернизација на летало на Оддел за воздухопловни единици на МВР, со најмодерна опрема за комуникација и опрема за гасење пожари“, вели Спасовски.

Министерот за внатрешни работи Спасовски најави дека продолжуваат и во 2022 година сѐ до целосно сообразување со стандардите и нормите на современите и квалитетни европски и светски полициски практики.

Слични содржини