Сплит: Гром удри жена во морето се бори за живот

од Берта Китинска

Жена денеска околу 15.15 часот била погодена од гром додека пливала во морето на плажата Кашјуни во Сплит и со повреда на главата била пренесена во Клиничкиот болнички центар.

На терен пристигнале службите за итна помош, пожарникари и полиција. На местото веднаш пристигнале две екипи за итна медицинска помош. Според порталот Слободна Далмација, жената ја оживувале, и за среќа итните служби успеале во тоа. Потоа итно била однесена бо Одделот за итни случаи во КБЦ Сплит.

Веројатноста да ве погоди гром во текот на животот е еден спрема 6250.

Стапката на смртност од удари од гром е помеѓу 10 и 30 проценти, а повеќе од педесет проценти од преживеаните доживуваат значителна вознемиреност потоа. Најчесто станува збор за оштетување на нервниот систем, се разбира доколку на тоа не се додадат механички и термички повреди.

Слични содржини