Средба на Палмер со Мицковски не е планирана бидејќи “немаaт што да си кажат“

од desk4

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер на брифингот со новинари во резиденцијата на американскиот амбасадор, на прашање5то дали ќе има средби со лидерот нс ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски одговорил дека средба нема да има бидеји „немаат што да си кажат“, особено по одговор на Мицковски на писмото од Вес Мичел.

Помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел, му испратил писмо на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во кое му порачува дека САД се разочарани од позициите на челниците на оваа партија, вклучувајќи го и него лично.

– Како што веќе разговаравме, Соединетите Држави силно веруваат дека Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција е историска можност за Македонија да обезбеди посветла иднина и да придонесе кон регионалната безбедност, стабилност и просперитет. И покрај тврдењата дека можел да се постигне некаков „подобар договор”, ние не веруваме дека тоа е можно. Овој договор бараше компромис и од двете страни. Тоа е прилика што веројатно нема да се повтори со години, ако не и со децении, вели Мичел во писмото  објавено на веб страницата на амбасадата на САД во Македонија.

 Нема да Ве изненади, додава Мичел, што ние сме разочарани од позициите на челниците на ВМРО-ДПМНЕ како во однос на референдумот, така и во врска со чекорите во Собранието за промена на Уставот.

– Уште од осамостојувањето на Македонија, граѓаните од сите заедници и партии, вклучувајќи ја и Вашата, силно го поддржуваат пристапувањето на земјата кон НАТО и кон ЕУ. Сега Собранието е на ред да го преземе следниот, одлучувачки чекор. Ве поттикнуваме да создадете простор, во јавноста и приватно, за пратениците од Вашата коалиција да одлучат како ќе гласаат за уставните промени, ослободени од закани од насилство, одмазда, или друг облик на принуда. Ова е историски важен момент за Вашата земја, момент што бара храбро лидерство и зрелост. Како вистински пријател и поддржувач на Македонија, Ве поттикнуваме да ги тргнете настрана партиските интереси со цел унапредување на заедничките стратешки интереси и обезбедување на посветла иднина за вашите граѓани во европското семејство на народи, стои во писмото на помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел до Мицкоски.

Мицкоски со големи букви му возврати на американскиот помошник државен секретар Вес Мичел дека Преспанскиот договор е „НЕПРИФАТЛИВ за ВМРО-ДПМНЕ“.

Слични содржини