Средба на претседателот Пендаровски со Специјалната изборна мисија на ОБСЕ/ОДИХР

од Берта Китинска

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Лаима Андрикиене, шеф на Специјалната мисија за оценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, закажани за 15 јули, при што беше запознаен со планираните активности на мисијата, составена од девет експерти, во насока на набљудување на изборниот процес.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, заблагодарувајќи се за брзото распоредување на оценската мисија, Пендаровски го реафирмираше своето очекување изборите да бидат спроведени според највисоките стандарди и критериуми, како што доликува на земја-членка на НАТО и земја-кандидат за членство во Европската Унија која треба да ги почне пристапните преговори.

– На средбата претседателот Пендаровски изрази поддршка за работата на мисијата и изрази уверување дека нивниот ангажман ќе придонесе за успешен изборен процес, кој поради пандемијата на КОВИД-19 ќе се одвива во специфични услови, се наведува во соопштението.

Слични содржини