Средба Заев-Брнз: Заедничка цел е Македонија да ги почне преговорите со ЕУ до крајот на оваа година

од Nikola Popovski

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска се сретнал со со амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Брнз, на која се разговарало за актуелните процеси поврзани со евроинтеграциите за земјава, за стратешката соработка меѓу Република Северна Македонија и САД и за предизвиците во справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД-19.

На средбата, соопшти владината прес-служба, заеднички беше констатирано дека двете држави посакуваат преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија да започнат до крајот на годинава, како влог во стабилност на регионот и како важен процес за обезбедувањето просперитет за граѓаните. Според Заев и Брнз, решавањето на билатералните прашања треба да остане надвор од преговарачката рамка меѓу Северна Македонија и ЕУ, а секое противење или оневозможување на овој процес е на директна штета на кохезијата на трансатлантското семејство на народи и спротивно на интересите за стабилност и демократија во регионот.

Според Заев и Брнз, решавањето на билатералните прашања треба да остане надвор од преговарачката рамка меѓу Северна Македонија и ЕУ, а секое противење или оневозможување на овој процес е на директна штета на кохезијата на трансатлантското семејство на народи и спротивно на интересите за стабилност и демократија во регионот.

Амбасадорката на САД, како што се наведува во владиното соопштение од средбата, ги поздравила постапките на Владата за сузбивање на потпалувачкиот говор во јавноста и дала поддршка на напорите да се одржи конструктивниот и отворен дијалог по однос на овие прашања.

Премиерот Заев, како што се посочува, се придружи кон овие ставови и изрази надеж дека примерот на Владата во промоцијата на дијалогот како алатка за решенија ќе го следат сите чинители од земјата и регионот.

Заев изразил благодарност за стратешката и сојузничка поддршка што Северна Македонија ја добива од САД и заедно со амбасадорката ги потврдиле заложбите за постојана и суштинска соработка во справувањето со коронавирусот, како и за уште поголеми директни инвестиции од САД во развојот енергетиката, дигиталната економија и сајбер безбедноста, согласно безбедносните стандарди на НАТО.

Слични содржини