Средношколци се степале по кавга за девојка

од Nikola Popovski

МВР информира дека вчера дошло до тепачка меѓу две групи средношколци пред средното медицинско училиште во Скопје.

-На ден 12.04 во СВР Скопје пријавено е дека во 14.10 часот пред СМУ „Панче Караѓозов“ настанала физичка пресметка помеѓу двајца ученици во СМУ од една страна и неколку ученици од СДУ „В.А.- Дрен“ од друга страна, а според пријавеното, поради расправија за девојка, велат од таму.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини